Николоски открива: Пругата кон Бугарија завршува во тунел без крај, треба да се иселува население

од Nikola Popovski
389 прегледи

Според билатералниот договор меѓу ЕУ и Македонија, проценетата вредност на третата фаза од Коридорот и железничката пруга кон Бугарија е 340 милиони евра. Самиот ДЗР утврдува дека до денот на ревизијата, вредноста е зголемена и изнесува 560 милиони евра што е зголемување од 220 милиони. Се работи за изградба на 23,4 километри железница што доколку пресметате ќе добиете дека еден километар чини 24 милиони евра што е најскап километар било каде во светот, информира денеска новиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Според него, претходната влада во предизборен период распишала тендерска постапка за кој што денес 26-ти јуни, завршува рокот за поднесување на понуди.

-Целата постапка се одвивала во предизборен и постизборен период. Јавноста треба да знае дека пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или можеби стотици куќи и да се иселува население и најбитното, завршува во тунел кој што нема крај. Затоа што според проектот и според законите, предвидено е поврзувањето да оди преку тунел, кој може да се изгради само до границата. Во услови кога Бугарија нема ниту проект за железничко поврзување со Македонија и воопшто е прашање дали би го проектирале на овој начин. Дали двата тунели ќе се поврзат? Што доколку на другата страна има вода или подземно езеро или било какви други пречки, праша Николоски на прес-конференција.

Тој побара од државниот јавен обвинител да го земе извештајот на ДЗР и да постапи по него.

Слични содржини