Николоски: Оваа влада нема капацитет да го отвори патот кон ЕУ

од Берта Китинска
170 прегледи

Во однос на најавата за одржување на лидерската средбата од страна на премиерот Зоран Заев, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе се случи предоцна.

-На јавноста и се битни три работи ковид-кризата, заедничка позиција  за  Бугарија и другите прашања кои се од интерес на граѓаните..Ја сум убедам дека и ДУИ и А и А им се битни прашањата од кои треба да излеземе со одговори пред граѓаните ако не се договориме  тогаш таа одговорност ќе си ја сноси владата, ВМРО бара постојано владата да си даде оставка бидејќи оваа влада нема капацитет да го отвори патот кон ЕУ, вели Николоски во емисијата Само Вистина на Канал 5.

Николоски изнесе тврдење дека вицепремиерот Никола Димитров брифирал новинари дека тој го спречил премиерот Зоран Заев да потпише се што Бугарија побарала.

-Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа Димитров го спречил и тоа успеал да го направи преку скопското крило на СДСМ.

Дали е вистина дека е Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара?, прашаува Николоски.

Слични содржини