Николоски: Природно ќе ги поддржиме кандидатите кои се опозиција на власта

од Nikola Popovski

Повикуваме на обединување на сите прогресивни сили против власта која носи порази, омаловажувања, неуспеси, го одзема достоинството, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, таквото обединување значи масовна мобилизација на граѓаните кои бараат подобра иднина, успеси и работа.

-Секоја наша разлика е помала од заедничката цел – Македонија да ја развиваме, економски да зајакнува, политички да се интегрира. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива.  Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална, рече Николоски.

 

Слични содржини