За проблемите што ги имаат професионалните возачи од Македонија Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина со системот за влез и излез во Европската унија, министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски вели најдобро решение е со издавање на долготрајни визи. Според него, Швајцарија како земја-членка го имаше воведено пред проблемот, а сега има најави и од Хрватска дека ќе го стори истото.
-Нас ни се потребни уште неколку држави каде што најмногу работат нашите превозници. Би сакал да нагласам дека ова го решаваме индивидиуално односно да го решиме проблемот за македонските превозници. Што ќе прават останатите другите држави, тоа е нивна работа и би ја замолил јавноста и македонските превозници да не потпаѓаат под туѓи агенди и провокации. Србија, БиХ, Албанија нека си решаваат самите, ние си решаваме за нас. Додека почна да се применува овој систем, очекувам сите проблеми да бидат решение, рече Николоски на денешната панел-дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, што се одржа во Владата.
Претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неџо Мандиќ, за ФоНет изјави дека здруженијата на превозници на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија ќе се состанат во Белград во петок за да се договорат за понатамошните чекори поради проблемите што ги имаат професионалните возачи. Мандиќ рече дека на состанокот ќе се приклучат и здруженијата на возачи.