212
„Зоран Заев треба да си даде оставка и да замине. ВМРО-ДПМНЕ по завршуивањето на 100-те од доаѓањето на Владата ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија. И очекуваме Владат да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев“, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Време е граѓаните на Република Македонија, според него, да се обединат против овој „национален срам и национално понижување“.
– Само со оставка на Зоран Заев и изгласување недоверба на Владата која тој ја води ќе има шанса да се подобрат македонските преговарачки позиции а исто така и да се врати македонското национално достоинство, истакна Николоски.