Николоски: Софија ја провоцира Македонија со отворањето на бугарски клубови

од Берта Китинска
134 прегледи

„Само наивен политичар во Македонија може да верува во добрите намери на Бугарија“ вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во најновото издание на Трилинг за бугарско-македонските односи и потенцира:

„Официјална Софија ја провоцира Македонија со отворањето на бугарски клубови. Доколку се одбереа понеутрални имиња за овие клубови како Пејо Јаворов, Христо Ботев, тогаш оваа негативна атмосфера кај народот веројатно немаше да постои. Но провоцирањето со имиња кои прават фрустрација кај македонскиот народ, покажува дека бугарската држава тоа го прави со намера. Надлежните служби треба испитаат кој хара и кој финансира отворање бугарски клубови во Македонија“ е ставот на Николоски.

Слични содржини