Дали граѓаните знаат од што се состојат уставните измени, каде што 75,4% граѓаните одговараат да, што значи дека се работи за т.н. информирана одлука односно граѓаните многу добро знаат кога одговараат на прашањето за што разговараат. И тука овие 72,4% Македонци кои што велат не, кои што мислам дека прашањето да беше само дали се за влез на Бугарите ќе беше прилично повисоко, а да не беа Хрватите и Црногорците, бидејќи никој нема против ништо Хрватите и Црногорците. Но, да беше прашањето дали мислите дека треба да се промени Уставот за да се внесат Бугарите, мислам дека ќе беше процентот 80-85%, значи ќе беше повисоко од вкупниот број на граѓани кои што излегуваат на избори и гласаат за било која политичка партија, што покажува една недвосмислено расположение кај народот, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Детектор“ на Сител телевизија.
Николоски додаде дека ударот од Бугарија е пред се врз Македонците, односно на македонскиот идентитет, односно дека Бугарија не го спори албанскиот или турскиот јазик туку македонскиот јазик. Бугарија ја спори и македонската историја и самобитноста на македонскиот народ.
„Македонија е предмет на понижување и отстапки од својата самостојност до денес и на граѓаните им е преку глава, сакаат да стават точка на работа. И затоа имаме вака високи бројки во однос на расположението на етничките Македонци“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија се лоши договори за Македонија.
„Македонија промени Устав за да промени име, што е една трајна штета за македонскиот национален идентитет. И никој не може да каже дека и ова е добро“, вели Николоски.
Исто така тој потсети дека никој не гарантира дека Бугарија нема да стави вето после шест месеци откако се направат уставни измени.
„Јас мислам дека политиката на Бугарија е јасна, кристална јасна тие гледаат во се да најдат проблем. Од еден Пендиков направија проблем, од влегување или не влегување на било кој бугарски граѓанин во Македонија прават проблем“, рече Николоски.