Николоски: Вардарската долина е природен тек на Коридор 10

од Nikola Popovski
97 прегледи

Бугарија работи на две варијанти. Сега ние ако сме наивни и ако се водиме од приказни кои некој ни ги подметнува, а не од нашиот интерес, нема да го развиваме она што е природен тек, а тоа е Вардарската долина по која треба да оди Коридорот 10 и брза пругата. Затоа треба да сме свесни дека инвестирањето во овој коридорот е приоритет и затоа интензивно работам во оваа насока, изјави денеска еден од вицепремиерите и министер за транспорт, Александар Николоски.

Вели дека сака во следните два месеци да излезе со конкретни решенија кои што ќе ги презентира во јавноста, за да потоа се почне со градба.

-Прво ќе се ревидира проектот па ќе продолжи градбата на пругата кон Бугарија, вели Николоски. Според него, целиот проект треба да трае меѓу 5 и 6 години.

Од бизнис заедницата со апел неопходно е подобрување на железничката инфраструктура за превоз на стоки.

Министерот во гостување на дебатна емисија истакна дека официјална Софија сака да ја заобиколи Македонија во Коридорот 10.

Слични содржини