Вицепремиерот Александар Николоски во гостувањето на емисијата „360 степени” изјави дека Владата е стабилна и нема потреба од предвремени парламентарни избори. Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се стабилни, иако постојат внатрешни несогласувања во албанскиот коалиционен блок кои не влијаат на работата на Владата. Николоски истакна дека нема место за соработка со ДУИ во Владата и дека секој кој ќе соработува со нив ќе оди во опозиција.
Во однос на инфраструктурните проекти, Николоски нагласи дека Македонија активно работи на проекти како што се автопатот Кичево-Охрид и железничката пруга на коридор 8, додека Бугарија ја избегнува соработката за реконструкција на пругата Софија-Перник. Тој додаде дека земјата работи на привлекување инвестиции, со посета на Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство, за да обезбеди финансирање и поддршка за раст на економијата.