Заменикот министер за финансии Филип Николоски во гостувањето во ТВ24 нагласи дека се размислува за дополнително намалување на цената на струјата.
-Сите мерки што ги воведовме влијаат да се намали инфлацијата, односно цените на производите, а тоа сега се гледа и по маркетите. Цените на некои од основните прозиводи се значително намалени, за разлика од она што беше во септември и октромври, кажа Николоски.
Тој повтори дека инфлација минатата година имало секаде, дури и поголема инфлација кај дел од балтичките земји, додека бројката на нашата инфлација била слична со околните држави. Николоски очекува инфлацијата да се симне до 7%.
-Битно беше што при првиот удар реагиравме со првиот сет мерки. Ние до лани до месец јуни имавме 9,5% инфлација, па притоа намаливме ДДВ-то на основни производи, на горивата данокот од 18% беше намален на 10%. Направивме да се амортизира инфлацијата и тоа успешно. Со вториот сет на мерки, средствата беа насочени кон оние кои се најзагрозени, тие беа таргетирани, истакна Николоски, додавајќи дека средствата се уште се исплаќаат.
Тој потенцира дека и во период на криза се креирани 2400 нови работни места во ТИРЗ.
-Таму имавме над 450 милиони инвестиции, извозот надмина 3,8 милијарди евра. Странските инвеститори гледаат потенцијал во нас. Порано тие доаѓаа само поради ниски плати, а сега платите растат и во индустриските зони, кажа заменикот министер.