Министерот за земјоделство и шумарство Љупчо Николовски вечерва уште еднаш повтори дека испораката на пченица од Србија ќе продолжи, особено за земјите од „Отворен Балкан“.
-Ќе има пченица. На лице место во Белград на една од првите средби потврдивме визуелно како изгледа да немате бариери и да македонските производи од Гевгелиија до Белград на самите полици се најдат за помалку од еден ден. Тоа партнерство ги даде резултатите. Во вторник, верувам дека по втор пат ќе биде потврдена сликата на солидарност и заедништво. Разговарав со министерот Недимовиќ и српскиот претседател Вучиќ и тие го очекуваат нашиот динамички план за потребите на мелничката индустрија и верувам дека се ќе оди во правец на олеснување на овие количини потребни до жетвата, информира Николоски во емисијата „Топ тема“.