Николоски: Враќаме стари долгови и финансираме капитални инвестиции

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Минатонеделната еврообврзница од 600 милиони евра е насочена за враќање на стари долгови, кажа заменикот министер за финансии Филип Николоски. Во гостувањето во ТВ24 тој кажа дека ќе се исплаќа долгот за еврообврзницата од 2016 година, во висина од 500 милиони евра заедно со каматите.

-Стапката за новата еврообврзница беше најповолна во овој момент, од 6,25%. Тоа покажува дека странските инвеститори веруваат во економските политики на оваа Владата, дека имаме темели на здрава економија, а тоа го покажа и ММФ минатата година, оваа Влада на економски план покажува успешни резултати, кажа Николоски.

Тој кажа дека овие средства ќе се насочат и за финансирање на капиталните инвестиции.

-Во буџетот за оваа година, предвидени се над 800 милиони евра капитални инвестиции, главно во инфраструктурата, како што се коридорите 8 и 10, но и опрема согласно НАТО стандардите, а дел од средствата се за стари долгови, но сепак најголем акцент во буџетот е ставен на капиталните инвестиции, што е голем импулс во вакви времиња, додаде заменикот министер.

Слични содржини