По средбата со амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов, градоначалникот на Штип, Д-р. Сашко Николов посочи дека нема ништо против да се изучува бугарскиот јазик факултативно во училиштата во Штип.
Инаку, при денешната посета, бугарскиот амбасадор донираше храна за 30 социјално-загрозени семејства.
„Во духот на добрососедството, во духот на подобрата комуникација дури и дадов предлог на амбасадорот дека немам ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен претставува основна комуникација помеѓу народите и да не речам дека тоа е мост на зближување на два народа. Така да во духот на добрососедството ја продолжуваме оваа соработка со нашите пријатели од Бугарија со кои што заедно ќе работиме на подобрување на сите состојби во нашата општина“, истакна Николов по средбата.