Николов: Повеќе да се внимава кој, колку и по кој основ ги качува цените во супермаркетите

од Nikola Popovski
270 прегледи

Економистот и поранешен пратеник од СДСМ, Маријанчо Николов смета дека ребалансот на Буџетот е одговор на владата на последиците од кризата и превенирање на кризата до септември, кога повеќе ќе се знае каква зима нѐ очекува.

-Тогаш повеќе ќе се знае што ќе се случи со цените на енергенсите, дали ќе се воведе на ембарго на Русија и што ќе се случи со цените на житариците. Владата таргетира три категории: за граѓаните кои се одвоени 70 милиони евра за справуваење со шоковите од инфлацијата, помош за енергетскиот сектор и оној дел како што се инвестициите. Овој ребаланс носи многу прашалници, колку ќе може да издржи и кои се опасностите со кои ќе се соочи државата. Не знам зошто владата не се реши после 30-ти мај да интервенира во однос на покачувањето на цените. Сакам да упатам апел малку повеќе се внимава кој, колку, како и по кој основ ги качува цените во супермаркетите. Само се качуваат цени, но никој не излегува со точна пресметка врз основа на што се прави тоа. Ако го гледаме ребалансот, нареден ризик е повторно задолжување на тековни трошоци, порача Николов во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини