Државниот буџет ќе се полни од побогатите, бидејќи СДСМ планира да направи скалест данок, во зависност од тоа колку некој е богат, рече пратеникот Марјанчо Николов, при гостувањето во Канал 77.
Николов не кажа други детали од економската програма, на која, како што рече, се работи, но генерално предвидува кратење на сите непродуктивни трошоци. Пензиите, кои се 50,8 отсто од социјалните трансфери од Буџетот, според Николов, ќе растат онака како што е предвидено со закон, односно две усогласувања со трошоците за живот во текот на годината.
Комплетната програма треба да биде готова до средината на октомври, по што ќе следи партискиот конгрес. Начелно, конгресот би се одржал околу 20-ти октомври, изјави Марјанчо Николов за Канал 77.
