Николов: Со вакво покачување на платите, здравствените работници ќе продолжат да заминуваат од државата

од desk2
98 прегледи

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, за изминатава година и половина власт, во континуитет ги лаже и манипулира лекарите и здравствените работници, па така се потврди утопијата дека откако ќе дојдат на власт, во првите шест месеци ќе ја покачат основната плата на сите здравствени работници за 15 проценти. Измина повеќе од една година и половина откако владата предводена од СДСМ е на власт, а ова ветување се сведе на минорни 5%, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Замислете, СДСМ и Заев ветуваа дека основната плата на докторите специјалисти до 2020 година ќе изнесува повеќе од 100 илjади денари. Со ова темпо на покачување, тешко дека некој специјалист ќе ja види оваа плата, а лекарите и здравствените работници само ќе продолжат да заминуваат од државава.

СДСМ исто така им ветуваше и на матичните лекари зголемена капитација, односно покачување на капитациониот бод на 90 денари. Понатаму, ветуваа покачување и на капитацијата по пациент и на матичните стоматолози. Но, денес се сведовме во состојба да околу 10 илјади пациенти останат без здравствен третман од матичен лекар, сето тоа само заради неспособноста да се отстранат бирократските процедури.

Со неисполнувањето на ветувањата, лагите и со манипулациите, како со оваа последнава за покачување на платите за 5 проценти, а не ветените 15 проценти, Заев и Филипче покажуваат дека тие не се грижат за здравјето на граѓаните и единствено ги манипулираат.
Денес реалноста говори дека за СДСМ, непознат e терминот достоинствен третман, бидејќи тие освен со лаги и манипулации, на друг начин не знаат и не се способни да ги задржат во јавното здравство лекарите и здравствените работници, рече Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.