Николова поднесе декларација за ЕУ: Неодложно залагање на владата за интеграција во Унијата

од Aleksandar Todeski
373 прегледи

Пратеничката од ЛДП, Јулиана Николова, до Собранието доставува декларација со која новиот парламентарен состав и новата влада, кои ќе бидат избрани на 12 април ќе се заложат максимално за забрзување на европската интеграција на земјата.

„Декларацијата има за цел согласно новата методологија, да допринесе за забрзување на европската интеграција на Република Северна Македонија. Очекувам поддршка од сите пратеници, за Собранието да покаже дека е натпартиско кога се работи за европската иднина на Северна Македонија“, рече Николова.

Пратеничката појасни дека со декларацијата се повикува владата на неодложно залагање за влез на земјата во Европската Унија, да се продолжи со реформите, со владеење на правото, со заложбите за независно судство и сите оние работи кои Европската Унија ги бара и ќе ги бара со почетокот на преговорите.

А.Т.

Слични содржини