Николова: Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на учениците (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
232 прегледи

„Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава“, вели денеска на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици, истакнува таа.

Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно, според неа, покажала вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.

-Тоа се гледа и по зголемените плати кои за четири и пол години ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари, посочи Николова.

Слични содржини