Николовски: 132.000 граѓани што не се попишаа сега се бунат дека била предадена државата

од Nikola Popovski
279 прегледи

Не мораше да се попишува нерезидентното население. Мислам дека тоа беше потребен или непотребен обид да дознаеме колку имаме луѓе надвор од државата. Делот за резидентно населние мислам беше успешен. Забелешките не се достапна причина 132.000 луѓе да го бојкотираат пописот. Ако тие немаат чувство за државност и се повикуваат по партиски повици да бојкотираат, тоа е срамота и за партиите што ги терале. Најголем дел од тие што не се попишале сега се бунат дека би била предадена државата со пописот и националниот интерес, вели новинарот Љубиша Николовски во емисијата „Само вистина“ околу резултатите од пописот.

Според него, трагедија е за нив и за тие што ги поттикнуваа.

-Оваа држава и влада успеа да направи попис. Ниту една пред тоа не направи попис. Сега тие 7,2% од вкрстените податоци се бунат дека се знаело дека се Македонци. Кај се знае? Оти кога аплицирале за лична карта, напишале Македонец. Кој гарантира дека сега пак ќе се изјаснат? Можат да се пишат и Срби, вели Николовски.

Слични содржини