Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање потврди дека бил на одмор во Дубаи.
„Три дена одмор, на 16 часа работа за граѓаните и државата, имам право да ги посветам на сопругата, можеби контекстот и од оваа временска дистанца, е направена грешка од наша страна што е избран во Дубаи, не како одмор, туку и работни состаноци на сопругата, која работи за странска компанија. Но, Николовски ниту се вакцинирал, ниту правел бизниси, ниту ќе прави, туку ќе се бори против корупцијата и криминалот“,рече тој.
Николовски воедно демантираше дека на одморот користел службени ресурси, а додаде и дека истиот си го платил од платата.
“ Не сум се вакцинирал, ниту сум бил со службен пасош, службен телефон или службено возило“, рече тој.