Николовски: Ако ВМРО-ДПМНЕ не го укинеше усогласувањето на пензиите, минималната пензија сега ќе беше 20 илјади денари

од Nikola Popovski
289 прегледи

„Секогаш има и задоволни и незадоволни пензионери. Ја користам оваа прилика да го изразам моето високо почитување кон незадоволните пензионери, кон оние жртвите на транзицијата, жртвите на стечајните постапки и тн. Меѓутоа партијата на пензионерите, била и секогаш ќе биде со пензионерите и ќе презема организирани мерки и активности за подобрување на правниот и социјалниот статус на пензионерите со ниски примања и другите маргинализирани општествени групи во државата. Токму ради тоа и постојано се залагаме да се поправи тој статус и токму поради тоа предлагаме да се донесе Закон за минимална пензија, тоа беше во завршна фаза а не се постигна, но сум сигурен дека идната Влада во која длабоко сум уверен дека ќе ја формира Социјалдемократскиот сојуз, тој закон биде донесен и минималната пензија треба да биде 70% од минималната плата, со други зборови сега во програмата се предвидува минималната пензија биде 20.000 денари“ рече Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека ако претходната власт не го суспендирала Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно Член 37, тогаш пензионерите би имале минимална пензија од 20.000 денари, а не 13.200 денари како што имаат сега.

„Тој метод на усогласување на пензиите се применуваше во Македонија до 2013 година. Тој метод постоеше. Но, претходната власт во 2013 година го суспендираше тој метод на усогласување“, потенцираше Николовски.

Слични содржини