Николовски: Ако ВМРО-ДПМНЕ обезбеди промена на Преговарачката рамка со одложено дејство на уставните измени, со две раце ќе ја поддржиме

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Поранешниот министер и актуелен пратеник, Љупчо Николовски смета дека актуелната власт нема за цел да ја внесе државата во ЕУ и ја обвини дека ги влошуваат односите со соседите и повторно се враќаме назад. Според него, додека земјите од регионот одат кон ЕУ, нас никој нема да не чека да си зборуваме за фрустрациите.

-Клучното ветување во кампањата на ДПМНЕ беше дека ќе ја менуваат преговарачката рамка, ајде сега нека обезбеди промена на преговарачката рамка со одложено дејство на уставните измени, со две раце тоа ќе го поддржиме, нека ги убедат сите земји членки во тоа ние ќе го поздравиме, но знаат дека тоа не е можно, додаде Николовски во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија на состанокот во Брисел едногласно одлучија да се одржи втора меѓувладина конференција со Албанија на 15-ти октомври во Луксембург, објави синоќа „БНР“.

Грција нотирала дека ги решила спорот и го подигнала ветото за продолжување на преговорите со Албанија.

-Со ова Албанија се издвојува од пакетот со Северна Македонија и ќе почне со отворање поглавја од првиот кластер – темели. На состанокот воопшто не било дискутирано за продолжување на преговорите со Северна Македонија, која не го исполни условот од преговарачката рамка за уставни промени, објавија од бугарскиот национален медиум.

Слични содржини