Николовски: Бараме пласман за производите кои завршуваа на рускиот и украинскиот пазар

од Nikola Popovski
319 прегледи

„Ги правиме сите анализи за нашата трговска размена со Русија и Украина, како и за производите кои неколку години наназад беа најзастапени во извозот таму. Се разгледуваат сите алтернативни решенија и министерството за земјоделие интензивно работи на оваа проблематика“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека се преземаат мерки за да се обезбеди пласман за овие производи, а резултатите од тоа ќе се видат во следниот период.

„Во постојана комуинкација сме со амбасади, како и со коморите и се разгледуваат сите можни сценарија. Нема простор за паника, земјоделците знаат со колкава посветенсот и грижа работиме на проблемите“ рече Николовски.

Министерот кажа дека потребна е смиреност и повика да се не крева паника за проблемот кој го немаме.

Слични содржини