Николовски: Без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство

од Берта Китинска
159 прегледи

Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции?, прашува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

-Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, кажа Николовски.

Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање.

-Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.

Министерот сепак очекува дека законските измени денеска ќе бидат донесени.

-Очекувам тоа да се случи и законот да биде потпишан од претседтаелот на Собанието и од претседателот на државата, за од утре, веднаш, да почне реализацијата на субвенциите, потенцира Николовски.

Слични содржини