Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија.
„Успеавме да го стабилизираме домашното производство на храна во услови на криза, преку донесувањето на Националниот план за производство на храна и мерките во Интерветниот фонд. Нашата цел сега е да го зголемиме домашното производство на значајни култури и на долг рок да ја намалиме увозната зависнот на државата“, потенцираше тој.
„Земјоделците навремено и авасно пред почетокот на сезоната ќе ги добиваат субвенциите. Поголемото производство и поголем приност на битните култури е главниот фокус на новиот модел за субвенционирање“, изјави Николовски.
Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициска и развојна програма за поддршка на земјоделците.
„Вистинските земјоделци, оние чија основна дејност е токму земјоделието, за прв пат, добиваат нова мерка за поддршка на бизнис план. Преку јавен повик отворен во текот на целата година имаат можност самите да оберат за што ќе инвестираат, добивајќи грант до 10.000 евра за набавка на опрема и механизација“, изјави министерот.
„За прв пат во историјата на државата жените земјоделки можат да користат платено отсустсво за мајчинство во висина од 81.000 денари како еднократен надоместок, потенцираше министерот Николовски. Станува збор за посебна програма преку која им се помага на жените земјоделки, како преодно решение до донесувањето на системското решение кое активно се подготвува во соработка со МТСП и НФФ.
Седум нови национални програми се ставаат на располагање за поддршка на малите производители на храна, вино и малите дестилерии. Тие се во нашиот фокус со цел нивен развој помагајќи ги со грант до 10.000 евра за набавка на опрема за прозводство.
Со новата ИПАРД 3 програма приближно 100 милиони евра неповратни европски средства ставаме на располагање во инвестиции за модернизација на македонското земјоделство, подигнувајќи го прагот на инвестиции со цел реализирање на поголеми проекти и акредитирање на четири нови мерки за поддршка, истакна министерот Николовски.