Николовски: Чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, братучедот е стручен кадар кој се школувал 20 години во Кина и Јапонија

од Nikola Popovski
387 прегледи

Жалам што не се интересирате за темите од делот на земјоделие што е основа на македонската економија. Во 2023 година имавме над 100 реализирани проекти и не се испромовираа, а поважно е ова прашање. Чичко ми работи во М-НАВ уште пред јас да бидам роден. Зарем мислите дека вие некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се осовршувал и се вработил пред 1983 година?, вака одговори денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, откако беше запрашан дали влијаел врз вработувањата на негови роднини во М-НАВ.

Министерот ги запраша новинарите дали знаат за каков кадар станува збор, кога ќе се спомнат имињата на вработените во М-НАВ.

-Тоа е највисоко стручен кадар што се школувал во Јапонија, Кина и Словенија, кој после 20 години се вратил во земјата. Секој од нас треба да се бори да ги задржи младите кадри овде. Во никој случај не сум влијаел, ниту сум комуницирал. Ако е целта луѓето кои се млади и школувани и вложиле тоа што треба, да не добијат шанса… Од што не се задоволни младите во државата? Од тоа што немаат шанса. Јас имам докажано кај мене во Кабинетот дека немам бирано, ниту влијаено на вработените кај мене. Како што ги дочекав, така и останаа, кажа Николовски, одговарајќи на новинарски прашања, запрашан за вработувањето на негов братучед.

Според него, „не е убаво да се испраќа пораката дека квалитетот не треба да се цени“.

Во емисијата „Код“ пред два дена беше објавено дека сестрата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, снаата на вицепремиерот Артан Груби и роднина на Николовски се вработени во Контролата на летање.

Слични содржини