176
Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски на својот Фејсбук објави дека најдено е решение и за проблемот со простории за Државната комисија за спречување корупција.
-Како што предложивме, ДКСК ќе биде сместена во зградата кадешто е Финасиска полиција и Управата за разузнавање. Тоа е најдобриот простор којшто државата моментално го има.Имаме информација дека и ДКСК направила посета на просториите и тие се задоволни. Ние сме тука да ги решаваме и проблемите кои со децении биле запоставувани, на страната на граѓаните, пишвуа Николовски.