Николовски до Армијата: Вие сте столбот на нашата одбрана

од Берта Китинска
170 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, по повод 18-ти август – Денот на Армијата во свое лично име и во името на СДСМ, упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија.

„На сите припадници на Армијата им упатувам честитки по повод денот на Армијата на Република Македонија и искрена благодарност за храброста, посветеноста, професионалноста и несебичниот ангажман, кој го даваат во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава и сите нејзини граѓани, но и при справувањето со пандемијата од коронавирусот и елементарните непогоди, какви што беа и пожарите кои ја зафатија нашата земја во изминатите денови.

Армијата со својата лојалност, обученост и подготвеност секогаш е тука кога е најпотребно, од 18 август 1943 година, кога со храброст и визија за сопствена држава беше формиран батаљонот „Мирче Ацев“, до денес кога како рамноправен дел на НАТО е гарант на регионалниот и светскиот мир и стабилност.

Вие, припадниците на Армијата, сте столбот на нашата одбрана, почитувана Армија која е рамноправен дел од НАТО, најмоќниот воено-безбедносен сојуз.

Условите за работа, примањата и опременоста на Армијата на Република Македонија во изминатите четири години значително се подобрени, а припадниците на Армијата со својот професионализам, пожртвуваност и подготвеност се наша гордост.“

Нека е честит 18 август – Денот на Армијата, се наведува во честитката на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Слични содржини