Николовски до Велјановски: Заврши времето кога имаше еден судија, еден обвинител, правдата е тука сега

од Берта Китинска
152 прегледи

Заврши времето кога во државата имаше еден судија, еден обвинител, еден адвокат, еден извршител, кога целата моќ беше на едно место, сега секоја институција постапува согхласно своите надлежности и овластувања, порача заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одгворарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ. Вицепремиерот Николовски посочи, дека ВМРО ДПМНЕ во отуство на идеи, секојдневно лиферува лаги, невистини и конструкции.

„Затоа секој ден ги гледаме овие лаги со прашалници без храброст да се излезе и да се тврди нешто. Но, граѓаните тоа го гледаат и граѓаните на 15 јули испорачаа казна за тоа што постојано и денес и во претходниот период ги блокирате сите процеси во државата, заради тоа што нема понуда за ниту еден проблем, затоа што не нудите решение на граѓаните. Помина и времето кога институциите не смееа да помислат да им ги споменат имињата на некои функционери, министри или блиски на власта, а не да влегуваат и да бараат документи, како што тоа денес се случува во рамки на сите институции”, изјави вицепремиерот Николовски.

На прашањето за случајот со родиликата од Дебар и разрешувањето на директорот на струшката болница Мухамед Асани, вицепремиерот Николовски, нагласи дека, како координатор на Инспекцискиот совет, веднаш се преземени мерки од страна на надлежните инспекторати, односно од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој навреме ги превзеде сите мерки, изврши вонреден надзор, изрече решение за забрана за вршење на дејност и поднесе иницијатива за кривична одговорност во ОЈО Струга.

„Во случајот со Асани беа покренати соодветни постапки и пред опозицијата да го изнесе , која треба да се интерсира за здравјето, животот и вредностите особено за граѓаните. Прв сум, којшто излезе за овој случај и кажа и побара ДЗСИ да ги спроведе сите контроли и веднаш експресно во рок од 24 беше издадено решение за забрана за вршење дејност во просториите каде што се одвивале нелегални дејствијата на ординацијата, беа покренати постапки од институциите за да се покренат и информираат ЈО и сите оние кои се надлежни да реагираат. Преку посебена Комисија формирана од министерот за здравство, се донесе решение за смена на директорот. Така се постапува во било кој случај кадешто е констатирана одговорност, пропусти и се охрабруваат институциите согласно своите надлежности да ги расчистат сите постапки”, изјави вицепремиерот Николовски.

Вицепшремиерот Николовски му порача на пратеникот Велјановски, дека како членови на ВМРО ДПМНЕ се должни да дадат став за „Плацевите на Водно” каде што ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра.

„Знам дека нерозата е се поголема кога не успеавте да го спречите носењето на Законот за ЈО, кога не успеавте да спречите да се трансферираат предметите од СЈО кои деновиве имаат разрешници но јас од вас очекував поголема загриженост како членови на ВМРО ДПМНЕ да дадете став за тоа како и што се случува со „Плацевите на Водно” каде што ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра или како тоа од партиската каса вашиот лидер си купувал станови итн. Мислам дека тоа повеќе треба да ве загрижува и да излезете со став по однос на тие прашања”, рече вицепремиерот Николовски.

Слични содржини