Николовски доби признание од СОС Детското село за најголем индивидуален донатор за 2019 година

од Nikola Popovski
229 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски две и пол години своите дневници ги донирал, а за тоа јавноста дозна денеска откако на настанот во организација на СОС Детското село во Скопје доби признание за најголем индивидуален донатор за 2019 година.
На својот профил на социјалните мрежи Николовски повика на хуманост и меѓусебно помагање.

„Ми го исполнивте срцето со радост и среќа! Благодарен сум на СОС Детско село за ова признание кое многу ми значи!

Да бидеме хумани и благородни, да донираме, да помагаме, да подадеме рака секому!

Секој ден може да биде повод за мал гест!“, напиша тој.

Слични содржини