Николовски: Го потврдивме криминалот на Никола Груевски

од Vladimir Zorba
134 прегледи

 

„Злоупотреби со земјоделските субвенции, наместени тендери, корупција, незаконски и фалсификувани договори, задоволување на бизнис партнерите блиски на власта на штета на земјоделците, судир на интереси, непотизам, узурпирање на земјата на вистинските земјоделци,  злоупотреба на  ресурсите на ова министерство. Ова е билансот после само 4 месеци од влегувањето на опозицијата во Министерство за земјоделство, шумарстсво и водостопанство.

Lj.Nikolovski, 11.04.2016

Затоа Никола Груевски, во обид да ја спаси сопствената кожа, бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од Пржино.

Затоа избирачкит список не е прочистен, затоа нема реформи во медиумите.

Лажните, измислени анкети коишто власта ги пласира деновиве, преку медиумите платени со пари на граѓаните, не може да ја променат реалноста.

Граѓаните знаат.Покрај сите опструкции и  прекршување на пржинскиот договор во делот на достапност до информации и докуемнти, докажавме – Министерството за земјоделство е параван за злоупотреба на земјоделските субвенции и крадење на парите на граѓаните.

Докажавме:

– Милиони евра преку Платежната агенција завршуваат во џебовите на луѓе и фирми блиски на Груевски и фамилијата.

-5 милиони евра за Трансмет на Сеад Кочан, сопственикот на „НоваТВ“, за финансирање на медиумскиот мрак.

-Стотици илјади евра за Силекс Неметали, фирма на Горан Ивановски, син на коалицискиот партнер на Груевски, Љубисав Иванов – Ѕинго кој е сопственик и на „Сител телевизија“.

-Незаконски тендери за браната Конско тешки 33 милиони евра,

-Самоволието и безаконие на функционерите, пулените на Груевски, се на директна штета на вистинските земјоделци.

-Христијан Делев неовластено потпишува незаконски договори со кои ги ослободува од плаќање закупнина за повеќе години и илјадници хектари земјоделска земја три фирми, блиски до власта.

-Градоначалникот на Демир Капија -Трајче Апашот преку фирма на неговата сопруга заедно со поранешниот Министер Љупчо Димовски и тогашниот директор на Платежната агенција – Тони Димовски  договори со неовластени лица за исплата на стотици илјади евра земјоделски субвенции.“