Николовски: Граѓаните се уморни од блокади, судири на нерационални теми без разум

од Берта Китинска
186 прегледи

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанствo, Љупчо Николовски во гостувањето на ТВ Шења, вели дека не се разумни блокадите на опозицијата на Собранието посочувајќи дека земјоделците ги чекаат парите за субвенции кои ги има во буџетот, но не може да ги добијат поради ситуцијата.

„Граѓаните се уморни од дневно политичко прекопувања, блокади, судири токму на нерационални теми без разум. И затоа велам не знам кај е разумот земјоделецот денеска ги чека субвенциите, тутунарите, сточарите и земјоделците ги чекаат субвенциите и парите кои што ги има во буџетот и кои што решенијата се готови и платежната агенција не може да ги исплати заради оваа промена во Собранието“, вели тој.

Николовски изрази надеж дека опозицијата ќе има разум и разбирање за потребите на земјоделците.

„Во земјоделието нема политики, особено оваа година не може да има заради тоа што ние имаме квалитетни законски решенија од кои што зависи исплатата на субвенции, 100% зелена нафта, 40% поддршка на младите фармери, многу нови мерки развојни политики кои што ги оформивме и се во Собранието, јас се обидов, јас разговарав со претседателот на собраниската комисија за земјоделие со сите членови, без во Собранието на повеќе седници во повеќе наврати, испратив писмо првенствоно до пратениците, писмото е од пред два месеци, пред два месеци се обратив како министер без да го објавуваме јавност… се надевав дека ќе има разум и разбирање за потребите на земјоделците…“, кажа тој.

Слични содржини