Николовски и Филипче денеска на граѓанска трибина во Гевгелија

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Денеска караванот на отворени граѓански трибини под мотото ,,На прав пат”, ќе биде со граѓаните на општина Гевгелија.

Граѓанската трибина ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија со почеток во 20.00 часот. На трибината говорници ќе бидат Љупчо Николовски – генерален секретар на СДСМ; Венко Филипче – претседател на Комисијата за здравство на СДСМ и Сашо Поцков – градоначалникот на општина Гевгелија.

Присутни на трибината за да одговараат на прашања од граѓаните ќе бидат: Дарко Каевски – претседател на СДММ; Зоран Китанов – член на ЦО на СДСМ; Кирил Колемишевски – претседател на комисијата за економија на СДСМ; Милан Живковиќ – претседател на комисија за труд и социјална политика на СДСМ; Стојко Пауновски и Билјана Јовановска.

Слични содржини