Николовски и Маричиќ на средба со членови на граѓанската иницијатива „Стоп за криминал во судството“

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба со корупција, Љупчо Николовски одржаа средба со членови на граѓанската иницијатива „Стоп за криминал во судството“ кои водат спор преку институциите заради претрпена штета, од како што велат, корумпиран судија од Апелацискиот суд во Штип.

На постапката која се води, и претходеше претставка поднесена до мојот Кабинет, која откако ја добивме, соодветно ја проследивме до органите на истрагата за понатамошно постапување, вели Николовски.

„Благодарам што присутните ја поздравија нашата посветеност во решавање на крупните проблеми и што оваа посета ја оценија како позитивна реткост. Мојата посветеност ќе биде максимална сѐ додека вистински не дојде резултатот. Следната крупна задача која ја ставивме во нашата агенда е и прочистување на Јавното Обвинителство. Мораме да ставиме крај на корупцијата во секоја пора на општеството“, истакна Николовски.

Слични содржини