Николовски: Има луѓе кои добиваат плата од државните институции, но не доаѓаат на работа и се надвор од земјава

од Nikola Popovski
222 прегледи

„Имам информации дека има луѓе кои се во странство и кои даваат изјави дека нема воопшто да прифатат работа“, изјави вицепремиерот за борбата против корупцијата, Љупчо Николовски, на прашањето за вработените во државните институции кои земаат плата, а воопшто не доаѓаат на работа.

Според него, одговорност треба да има за такви вработувања.

Тој исто така рече дека политичката култура имала најниска оценка со која не е задоволен и истакна дека политичката култура е потенцирана и оваа состојба што ја имавме изминатата година, повик за неодговорно однесување од страна на владини фунмкционери кои биле дел од техничкјата влада.

„Непочитувањето на мерките, протоколи на сето она што беше најбитно минатата година. Повикувавме на одговорност, на високи стандарди кои треба да ги воспоставиме во ваков критичен период кога немавме Собрание, кога државата беше блокирана и имавме постојано тактизирање, со цел партиските да бидат пред останатите интереси“, вели Николовски.

 

Слични содржини