Николовски: Имаме над 1.000 нови етикети македонско вино со кои го зголемуваме извозот

од Vladimir Zorba
267 прегледи

„Јас се гордеам на секој еден мал производител, којшто денеска инвестира во опрема, во нови етикети, станува збор за над илјада нови етикети на вино и ако по нешто сме препознаени, ако за нешто го зголемивме извозот тоа е за флаширано вино, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.

Додаде дека самите економски и социјални партнери веднаш ги демантирале сите наоди коишто паушално биле изнесени колку да се каже нешто во отсуство на програма, идеја и визија и не може да се негира сето она кое што донело успех.

„Зад успехот треба сите заедно да застанеме. Нашата цел е новите промени да бидат дел од новиот закон за земјоделство и уредување на пазари коишто работиме и наша цел во наредниот период ќе биде овие грантови за мали оператори да растат и понатака“, додава тој.

Слични содржини