Николовски: Институциите мора да покажат ред и дисциплина бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари

од Nikola Popovski
286 прегледи

Транспарентноста и отчетноста се основата на борбата против корупцијата и криминалот. Инстуциите мора да покажат ред, дисциплина бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

На денешната конференција ‘Бизнис без корупција’, тој ги презентирал идните активности на Владата на РСМ за спречување корупција во државниот и во бизнис секторот.

„Само со сузбивање на корупцијата ќе го поттикнеме економскиот развој, кој денес е силно потиснат од глобалната пандемија. Продолжуваме со активно спроведување на системските мерки на кои работевме целиот изминат период: интероперабилност меѓу антикоруцписките институции – безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција, електронски систем за инспекција ‘Е-инспектор’ – намалување на субјективното влијание на инспекторот за време на надзорите, платформа за евидентирање на издадени лиценци и дозволи кои би биле интегрирани во тековната состојба на фирмите, заедно со Централниот регистар, воведување нов повикувачки (кол) центар – преку кој правните и физичките лица ќе можат да пријават ненавремно постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

Битката против корупцијата се темели на меѓусебна комуникација, координација и размена на информации. Заеднички, градиме функционален систем во интерес на сите граѓани“, истакнал Николовски.

Слични содржини