Николовски: Истрагата е во тек со вклученост на највисоките експертски капацитети

од Берта Китинска
207 прегледи

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски  упати најдлабоко сочувство за големата трагедија што се случи вечерва во ковид центарот во Тетово.

„Нема зборови за утеха во ваква ситуација. Истрагата е во тек со вклученост на највисоките експертски капацитети. Благодарност до сите инволвирани кои помогнаа катастрофата да не биде уште поголема, а најдлабоко сочувство до семејствата на починатите. На повредените им посакувам побрзо закрепнување. Македонската колективна свест е вечерва со грутка во душата, да бидеме сплотени и присебни во миговите кои следат, ова е трагедија која не смее да се повтори никогаш“, пишува Николовски.

Слични содржини