Николовски ја прими првата доза на „Синофарм“

од Nikola Popovski
341 прегледи

Денеска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлиц развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, согласно националниот план за имунизација на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски” ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. Вицепремиерот Николовски во изјава за медиумите, рече дека имунизацијата е клучна за побрзо да се стекне колективен имунитет и да се надмине здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

„Согласно националниот план за имунизација, тукушто ја примив првата доза од кинеската вакцина „Синофарм”, односно вакцината којашто беше достапна во моментот. Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас. Само така, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното и јавно здравје, и само така побрзо ќе заврши оваа борба со пандемијата од КОВИД-19“, рече вицепремиерот Николовски.

Тој посочи дека сите вакцини што пристигнуваат и што дополнително ќе пристигнуваат, се безбедни, проверени, тестирани и сите еднакво штитат од хоспитализација, тешки форми на болеста и фатален исход.

„Затоа е важно, на секој што ќе му дојде редот за вакцинација согласно планот за имунизација, да се вакцинира со вакцината што е достапна во моментот. На овој начин, со вакцинацијата, ќе ја исполниме целта, ќе излеземе победници во оваа панедмија, за веќе во летниот период да имаме висок процент на имунизирано насление. Според информациите од Министерството за здравство, се зголемува бројот на новопријавени граѓани за вакцинација, и тоа е добро. Ги повикувам сите граѓани кои досега не го сториле тоа, да се пријават за термин на вакцинација.мк, да ги почитуваат добиените термини, да се вакцинираат, а со тоа да придонесат во справувањето со оваа битка“, изјави вицепремиерот Николовски, при што порача дека вакцинацијата не значи и комплетно опуштање, важно е, и натаму се додека организамот не создаде имунитет, да се почитуваат мерките за лична заштита – маска, растојание и негрупирање во затворени простории.

Слични содржини