Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски кажа дека утре во 13 часот е закажана лидерска средба во Владата, на која ќе се дискутира за сите прашања поврзани со моменталната ситуација со коронавирусот.

-Сите партиски активности продолжуваат по партискиот конгрес и ќе ги следиме сите препораки и насоки кои најрелевантните институции кои се грижат за јавното здравје ги носат, така што во овој момент не можам да кажам повеќе. Ги одложивме сите партиски активности, јавни средби, собири кои што беа претходно закажани. Ќе ги адаптираме активностите за на алтернативен начин да го задржиме контактот со граѓаните. Но пред се, ќе се држиме до препораките и 19-те мерки донесени од Владата, изјави во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“ Љупчо Николовски, околу можноста предвремените избори да бидат одложени.

Слични содржини