Николовски: Ќе имаме попис по меѓународни стандарди

од Nikola Popovski
251 прегледи

„Ја поздравувам одлуката на пратениците и носењето на Законот за попис на населението. Со усвојувањето на Законот создадени се нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција, после 19 год. Институциите се подготвени, ќе имаме попис по меѓународни стандарди“, објави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Според него, концептот е професионален и одговорен, без политички влијанија, да имаме точни, веродостојни статистички податоци и да го спроведуваат стручни лица, според критериумите на Евростат и меѓународните стандарди.

„Партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, тоа е статистичка операција, неопходна за да се планира развојот на државата“, истакна Николовски.

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите.

За Законот гласаа пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и БЕСА, како и опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива, додека ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.

Слични содржини