Во моментов имаме од 45 до 50 илјади тони пченица, според податоците, како и 10 илјади тони пченка и 9 илјади тони јачмен што е повеќе од доволно за нашите потреби, информира министерот за земјоделство Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку изнесуваат залихите на жито во земјава во моментов.
Николовски додаде дека имаат интезивни разговори и со Србија.
-Викендов и премиерот Ковачевски се слушна со српскиот претседател и се доби уверение дека ќе има доволно пченица за целиот регион. Имаме зголемени приходи на пченица од 2017 година до 2021 и будно ја следиме состојбата и со иста енергија ќе продолжиме. Граѓаните треба да бидат спокојни, додаде Николовски.
Министерот потенцира дека интезивно разговараат со сите земји и за обезбедување ѓуриво.
-Верувам дека и во наредниот период ќе се креираат нови механизми со останатите министерства за да влијаеме на пазарните цени и производствените трошоци. Да најдеме пласман на производството кое последните години оди во Украина и Русија, рече Николовски.