Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона, напиша Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил.
Тој вели дека се лажни вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на неговата свадбена веселба.
Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот, вели Николовски .