Николовски: Локални избори и евентуални парламентарни со отисок од прст

од Nikola Popovski
274 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст, изјави пратеникот на најголемата опозициска партија Александар Николоски.

„За нас почитувањето на законот, нема алтернатива. Во законот пишува дека евидентирањето на граѓаните на следните избори ќе е со отисок со прст. Се боревме за тоа барање и успеавме да го добиеме. Отстапување нема. Има доволен рок да се набават овие машини. Локални избори и евентуални парламентарни со отисок од прст“, рече Николоски.

Локалните избори најверојатно би се одржале на 24 или 31 октомври, откако ќе заврши пописот на населението кој треба да започне 5 до 30 септември. Договорот за употреба на „фингер-принтер“ на локалните избори претходно беше постигнат на ниво на работни групи на пратеничките групи. Ова беше потврдено и на лидерската средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Слични содржини