Николовски – Мамадов: С. Македонија е лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште

од Nikola Popovski
268 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на 43 Конференција на ФАО во Рим, одржа билатерална средба со министерот за земјоделство на Азербејџан, Majnun Mammadov. На средбата министерот Николовски упати честити до својот колега Mammadov за новата функција, посакувајќи успешна работа и соработка меѓу двете држави.

Азербејџан е традиционална земја пријател и партнер на Северна Македонија, па на средбата двајцата министри разговараа за зајакнување на меѓусебната соработка во делот на земјоделството. Посебен интерес на средбата предизвика процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Министерот Николовски го сподели со својот колега Mammadov искуството за успешно спорведување на процесот за консолидација на земјоделското змејиште и изведбата на нова земјоделска инфраструктура, решавајќи ги проблемите со малите фрагментирани парцели, кои оневозможуваат примена на современи технологии и унапредување на производниот процес.

Министерот Николовски упати покана за посета на Северна Македонија до својот колега, за да можат одблиску да го видат процесот на консолидација на земјоделското земјиште.

Северна Македонија е земја лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Претходниот проект за консолидација Маинланд заврши со 99% реализација и консолидирани земјишни парцели во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево.

Слични содржини