Николовски: Мелничарите потврдија дека нема причини за поскапување на лебот, но ние будно следиме се што се случува

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Мелничарите сами потврдија дека нема причини за поскапување на лебот, но ние будно следиме се што се случува и ќе бидеме во постојан контакт со мелничката индустрија преку Потсекторската група каде се и тие членови. Ќе ја свикаме Потсекторската група уште еднаш следната недела за да знаеме во континуитет што се случува и каде треба да влијаеме како држава со цел граѓаните да не стравуваат дека лебот ќе поскапи. Ќе сториме се што е во рамки на нашите можности преку програмите, но тука не станува збор за реална потреба базирана на бројки, зголемени трошоци и оправданост дека треба да се зголеми цената на лебот. Добро е што Комората излезе со ист став како Министерството за финансии и Министерството за земјоделство, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на винаријата Камник.

Транспарентно кажавме, дополни министерот, дека оваа година беа преполовени цените на пченицата на светските берзи.

-Затоа беше потребно државата да интервенира во делот на надоместот на производните трошоци што ги имаат земјоделците. Мора да правиме се за да ги задржиме земјоделците и за да не се намалува производството, нешто во што успеваме. Оттука и најголемиот дел од Интервентниот фонд годинава го насочивме кон дополнителната поддршка од три денари за откупен килограм пченица, подвлече Николовски.

Слични содржини