Николовски: Мицкоски признавајќи го Михајлов за континуитет на партијата ја предаде Мизрахи, Евреите, а најмногу Македонците

од Vladimir Zorba
289 прегледи

„Знаеше ли Рашела Мизрахи кога го предлагаше Законот за здруженија, дека нејзиниот лидер Христијан Мицкоски го признава Ванчо Михајлов за свој претходник и бара од неа да го почитува како континуитет на сегашното ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Љубиша Николовски во својата редовна колумна.

„Таа на денот на отворањето на Клубот со името на Ванчо Михајлов револтирано коментираше со зборовите дека „еден културен центар можеше да го добие било кој назив, друго име, а тие се одлучија за Ванчо Михајлов, контроверзна личност од минатото.

Тогаш таа потсети дека за Ванчо Михајлов Македонците се говеда на Сталин и дека „се работи за човек кој има фашистички ставови, колаборира со нацистичка Германија. Станал советник на Анте Павелиќ, се обидува да направи и квинслишка држава во Скопје во 1944 година, но видел дека амбиентот не е погоден за тоа и заминува. Се чудам зошто баш ваква личност за кој има историски факти, наместо да се одбере личност која ќе биде во знак на добрососедство“, рече Мизрахи.

На ова Христијан Мицкоски, јавно и „врза шлаканица“ во интервјуто на Канал 5 кога нејзините ставови за Ванчо ги отфрли како неосновани озборувања“, вели Николовски.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини