Секој предлог кој доаѓа треба добро да се анализира да не се избрзува, вели новинарот Љубиша Николовски во врска со францускиот предлог.
-Долго време чекавме и било кој договор да го прифатиме долго ќе влегуваме во ЕУ. Затоа треба одмерено да се простудира секоја точка и запирка не ретко се вели дека „секогаш во деталите е ѓаволот“, и за да се завземе позитивен или негативен став треба малку време, вели Николовски во „Само Вистина“.
Тој смета дека Мицкоски избрзал со тоа што веднаш го одбил.
-Мицкоски и вчера и денес го отфрли предлогот. Сметам дека ваквите избрзани ставови не се дипломатски и тактички требаше да им се даде шанса и на неговите коалициски партнери да се изјаснат, вели новинарот.