Николовски: Надлежните органи во најкус можен рок да го испитаат случајот со „фризерницата“

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил порача дека директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, треба пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот со доделување 270 илјади евра на „фризерница“, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба.

„Во меѓувреме, Владата и јас како Вицепремиер, очекуваме од надлежните органи во најкус можен рок да спроведат соодветни постапки, да го испитаат случајот и навремено да не информираат за исходот и нивните наоди, односно фазите на постапката“, сподели Николовски.

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2834925996728921