Николовски најави поголеми субвенции за „зелена нафта“

од Берта Китинска
193 прегледи

Годинава ќе се зголеми кофинансирањето на трошоците за „зелена нафта“ оваа одлука е донесена по согледувањето дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури е зголемена за 13 отсто, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Ако лани трошоците за нафта за пченицата биле субвенционирани со 1.250 денари по хектар, земјоделците годинава, ќе добијат 1.413 денари по хектар поради зголемената цена на нафтата и ревидирањето на методологијата за пресметка на висината на трошоците.Следејќи ги движењата на цените на нафтата, согледавме дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури се зголемени за 13 отсто. Затоа, со цел да ги анулираме зголемените трошоци за нафта, го зголемуваме износот за кофинансирање по хектар за субвенции за „зелена нафта“, рече Николовски.

Слични содржини